Празни улици во Дебар и Центар Жупа

ФОТО: МИА

Тишината ја нарушуваат само полициските возила и многу ретко граѓанин кој има неопходна потреба од лекарска услуга.

Во Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба поради  коронавирус, празни се улиците и селските сокачиња.

Тишината ја нарушуваат само полициските возила и многу ретко граѓанин кој има неопходна потреба од лекарска услуга.

Тишината која, сега е поизразена, поради продолжениот полициски час, почна уште кога беше прогласена кризна состојба на 13 март, кога самоницијативно сопствениците на кафулиња, интернет клубови, бербернци, фризеници ставија клуч на врата на објектите.

Тука, дома, како што знаат да кажат жителите од општина Центар Жупа, се малку по број, неколкупати повеќе се низ светот, најмногу во Италија. Токму од италјанскиот град Бреша, каде што биле во посета на децата, пристигнаа и сопружниците од селото Баланци, кои беа и првозаразените. Жената беше втора жртва од коронавирус.

Градоначалниците на двете општини, Хекуран Дука,на Дебар и Аријан Ибраим на Центар Жупа, денеска им се заблагодарија на своите граѓани за нивното совесно однесување, зашто во последните 24 часа не е регистриран никаков прекршок.

Тие апелираат граѓаните да продолжат со строго почитување на мерките и препораките зашто само на тој начин,како што велат „ ќе може да го победиме невидливиот непријател”.

Позитивни на „Ковид-19″ во двете општини се 46 лица, од нив двајца починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот