Празна зграда за два дена претворена во болница-примени првите пациенти заразени од коронавирусот (ВИДЕО)

За два дена повеќе од 500 работници успеаја празна зграда да ја претворат во ургентен центар со илјада болнички кревети.

Првата кинеска болница во која ќе се сместуваат заразени од коронавирусот во близина на Вухан е отворена денеска. Првите пациенти се пренесени денеска во 22.30 по локално време.

За два дена повеќе од 500 работници успеаја празна зграда да ја претворат во ургентен центар со илјада болнички кревети.

Болницата била изградена како дел од централната болница во Хунаганг и се очекувало да биде отворена во мај, но поради актуелната зараза во петокот локалните власти наредија зградата да се користи само за лекување пациенти со коронавирус.
Сите кревети биле наместени од волонтери, а биле инсталирани и вода, електрична енергија и интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот