Празен стадион, а навивач влета на терен! (ВИДЕО)

фото: твитер

Влезе на теренот во дрес на Аргентина со име Лионел Меси и се обиде да се слика со ѕвездата на Барселона, но на крајот не му успеа планот.

Прилично несекојдневен момент се случи на натпреварот помеѓу Мајорка и Барселона во рамките од 28 коло на најсилната шпанска лига.

Еден навивач успеа на почетокот од второто полувреме да влезе на теренот, иако според протоколот натпреварите до крајот на сезоната треба да се играат пред празни трибини.

Обезбедувањето веднаш реагираше, а со оглед на забраната за присуство на навивачите и прекршување на правилата и мерките поврзани со коронавирус, според информациите се очекува тинејџерот да биде строго казнет.

Влета на теренот во дрес на Аргентина со име Лионел Меси и се обиде да се слика со ѕвездата на Барселона. Во тоа не успеа, доби слика со Жорди Алба, но и таа мораше да ја избрише.

Ова го планирав и пред коронавирусот. Меси е мој идол и сонував да го запознам и да имам слика како спомен. Ја прескокнав оградата висока два метри, дојдов на трибините и потоа истрчав на теренот. Прво го забележав Жорди Алба и се сликав со него, а потоа отидов до Меси. Тој не сакаше да се слика – рече младиот човек за шпанските медиуми.

На крајот, полицијата мораше да избрише сè што тој сними и фотографираше.

Тие ме натераа да ги избришам фотографиите. Мојот план не успеа и полицијата ќе ме извести дали ќе покренат постапка против мене – додаде разочараниот тинејџер по мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот