Правосудството на одмор до 15 август, ќе се судат само итните предмети

Фото: Профимедиа

Сепак, рочишта во Кривичниот суд во судска ферија ќе има. Ќе се судат предметите каде обвинетите се во притвор, судења со обвинети странци, како и итни или времено врзани прекршоци.

Големите судски процеси, како на згаснатото СЈО и на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, нема да се судат наредниот месец, поради судската ферија, односно годишниот одмор на целото правосудство, вклучувајќи ги судиите, обвинителите и адвокатите.

Годишните одмори во судовите траат од 15 јули до 15 август.  Правото на годишен одмор на судските службеници е уреден со Законот за судска служба и Законот за судовите,  Согласно одредбите од чл.72 ст.2 од Законот за судовите, за време на годишните одмори во судовите од прв степен се извршуваат само нужни работи, и тоа :

-Истраги и судења во кривични предмети кога обвинетиот е во притвор и во кривични предмети на странките кои не живеат во Република Македонија;

-предмети за примена на времени мерки;

– менична тужба;

– спорови за објавување на исправка на објавена информација;

-прекршочни предмети од итна природа;

-вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитувањето и заштитата на децата и обврски по  предметите за издршка што произлегуваат од закон;

-вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа;

-попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти

– прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.

Сепак, рочишта во Кривичниот суд во судска ферија ќе има. Ќе се судат предметите каде обвинетите се во притвор, судења со обвинети странци, како и итни или времено врзани прекршоци.

Дополнително, во периодот на судска ферија до 15 август, судиите согласно распоредот за работа и користење годишни одмори, во континуитет ги насочуваат овие предмети се со цел доследно почитување на правата на странкитите во постапките и начелото за судење во разумен рок, соопштуваат од Основен кривичен суд Скопје.

Само во втората половина на јули, откако почна судската ферија, во скопска „единица“ се закажани 133 судења. 112 од нив се во одделот Кривично полнолетни, а 21 судење се закажани во одделението за гонење на организиран криминал и корупција. Во судската ферија се работат и истрагите. Може да има распит на осомничени, ако за нив се бара притвор.

Инаку, во Кривичен два и пол месеци судиите не работеа поради пандемијата со корона вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот