Правнукот на Мусолини ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент

Гај Јулиј Цезар Мусолини, правнукот на Бенито Мусолини, ќе биде кандидат на изборите за Европскиот Парламент за десничарската италијанска партија ,,Браќа на Италија”.

Правнукот на Бенито Мусолини денеска ја потврди кандидатурата.

– Сите сакаат да го стават Мусолини на гласачкото ливче, изјави 50-годишникот, поранешен подморнички офицер, кој денеска води компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати.

Признава дека никогаш не се занимавал со политика, но додава и дека целиот живот бил опкружен со политика. Гај Јулиј Цезар е роден во Аргентина и смета дека името многу повеќе ќе му помогне во политиката, отколку презимето Мусолини.

Вели дека во Стразбур ќе го брани националниот интерес во сите свои потези и гласања, а во согласност со ултра националните идеали на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот