Правниот тим на Трамп побара од Сенатот да ја повлече постапката за импичмент бидејќи не направил ништо погрешно

Велат дека истрагата за злоупотреба на должноста никогаш немала цел да ја пронајде вистината.

Правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп побара Сенатот да ја повлече постапката за импичмент бидејќи не направил, како што велат, апсолутно ништо погрешно.

Според правниците, постапката за отповикување е лажна и е опасно извртување на Уставот.

Во документот се вели дека два члена на Законот за отповикување, за злоупотреба на овластувањето и за опструкција на Конгресот не претставуваат доволни прекршоци за импичмент. Велат дека истрагата за злоупотреба на должноста никогаш немала цел да ја пронајде вистината.

Трамп се сомничи дека барал помош од Украина да му помогне против демократот Џо Бајден за да може да победи на следните претседателски избори.

Постапката за импичмент во Сенатот се очекува да продолжи утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот