Правниците и економистите од јавното здравство со предупредување: Ако до среда не добиеме повисоки плати, излегуваме на улица

Шоферите, правниците, економистите и другиот немедицински персонал во јавното здравство даваат рок до среда да се постигне договор за зголемување на платите или во четврток ќе организираат голем протест. Иако во изминатиот период имале повеќе средби со министрите за здравство и за информатичко општество Венко Филипче и Дамјан Манчевски, сепак според последните информации едно од двете барања им останува неисполнето.

-Нема веќе да преговараме, ги замрзнуваме преговорите. Ве известиме дека доколку до среда не се исполнат нашите барања, најавуваме голем протест во за во четврток на 26.12.2019 година за време на пауза од 10.30 часот. Ги повикуваме двата синдиката доколку се вистински претставници на вработените да го исполнат своето ветување и да дадат целосна поддршка со нивно приклучување кон протестот. Дојде време да ги отвориме картите – се вели во објавата од Координативен одбор.

Како што објаснуваат од ова тело бил постигнат договор за промена на статусот на администрацијата која работи во јавното здравство, според кој таа треба да биде изземена од другата администрација. На разговорите власта демонстрирала и подготвеност за зголемување на платите, иако не било прецизирано за колкав процент тоа ќе биде. На прашањето дали и ова ќе бие само еднодневен протест како што беше минатиот пат, велат дека сега планираат вршат континуиран притисок се додека не се исполнат нивните барања.

Болничарите, администрацијата, шоферите и другиот технички персонал во јавното здравство одржаа протест и минатиот месец по што ги почнаа преговорите. Тие се разочарани од тоа што за нив не важи зголемувaњето на платите кои го добиваат лекарите и медицинските сестри.

– Министерот нека објасни како возилото на итна помош ќе оди на интервенција ако нема шофер. Како пациентите ќе дојдат до лекарот на преглед доколку административните работници не ги процесуираат документите. Како лекарите и сестрите ќе земат повисоки плати ако сметководителот не им ги пресмета. Немедицинскиот персонал во здравството е многу важна алка без која не може системот да функционира, затоа и тој не треба да биде изземен – објаснува вработена во Клиничкиот центар.

Тие реагираат дека се изманипулирани и оставени да преживуваат со минимални примања. Велат дека нивните плати се минимални и се движат од 12.000 до 20.000 денари. Во јавните здравствени установи во Скопје работат околу 7.000 вработени. Платите на лекарите специјалисти треба да добијат за 25 проценти поголем личен доход, а медицинските сестри за 10 отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот