ПРАВИТЕ ЛИ НЕКОИ ОД НИВ? Грешки кои ги правиме при отстранување шминка – Слободен печат
ЕспресоУбавина

ПРАВИТЕ ЛИ НЕКОИ ОД НИВ? Грешки кои ги правиме при отстранување шминка

Остатоците од пудра и други видови шминка многу лесно може да ги затворат порите и да предизвикаат појава на митесери.

Кожата мора да биде здрава и негувана, за да можете да се чувствувате добро во неа. Некогаш, брзиот начин на живот не ни дозволува да посветиме доволно време на тоа.

Многу жени посегнуваат по влажните марамчиња како брза опција за отстранување на шминката. Но, вистината е дека на овој начин само се отстранува површинскиот слој, но не се чистат порите длабински.

Остатоците од пудра и други видови шминка многу лесно може да ги затворат порите и да предизвикаат појава на митесери. Влажните марамчиња се многу практични, но потрудете се откако ќе го отстраните најголемиот дел од шминката, да се посветите и на длабинското чистење и тонирање.

Друга грешка што често се прави е „триењето“ на кожата со марамчињата или со парчињата памук. На тој начин создавате површински микроповреди на горниот слој на кожата. Дури и ако користите фротирна крпа за чистење шминка, потрудете се да ја искористите само еднаш и веднаш да ја исперете, за да не „враќате“ бактерии на своето лице.

Отстранувањето на шминката е лесен процес, но уште поважно е тоа да го направите правилно, затоа што само на тој начин ќе имате здраво и блескаво лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close