ПРАВИТЕ ГОЛЕМА ГРЕШКА! Никогаш не перете кујнски крпи и долна облека заедно – Слободен печат
МагазинСемејство

ПРАВИТЕ ГОЛЕМА ГРЕШКА! Никогаш не перете кујнски крпи и долна облека заедно

Проверете дали и вие ја правите оваа грешка со која го загрозувате своето целокупно здравје

Според повеќе доктори, меѓи кои и Лиза Акерли, многу луѓе носат нечиста долна облека иако се уверени дека е добро испрана.

Таа нагласува дека во многу домаќинства се прави страшна грешка што во иста машина се перат долна облека и кујнски крпи. Според нејзе, долната облека мора да се пере на високи температури, за да бидете сигурни дека е целосно чиста. На помалку од 60 степени не се уништуваат сите бактерии и дел од нив може да преминат од едно на друго парче облека или крпа.

Нејзин совет е ако одредени парчиња од долната облека треба да се перат на пониска температура, задолжително треба да се додаде и течно средство за дезинфекција на ткаенините.

Поради тоа, напоменува дека кујнските крпи, бањарките и долната облека не треба да се заедно во иста машина, бидејќи на себе имаат различни типови нечистотии, кои може да се налепат едни на други и да предизвикаат проблеми. А, никој не би сакал тоа да се случи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close