Правилото на Мила Кунис за божиќните подароци, ги подели мислењата на родителите!

Instagram
Фотографија: Instagram

Мила Кунис и Аштон Кучер се горди родители на 5-годишната ќерка Вајат и 3-годишниот син Димитри. Иако ги одгледуваат подалеку од холивудските рефлектори, двајцата се свесни дека нивните деца живеат во изобилство.

„Моите деца имаат навистина привилегиран живот, а воопшто не се свесни за тоа. И тоа никогаш нема да го знаат бидејќи ова е единствениот живот кој го познаваат“, изјави нивниот татко за време на подкаст на Декс Шепард, наречен Armchair Expert.

Токму поради таа причина нивните славни родители не планираат да им го остават (поголемиот дел) од нивното заедничко богатство кое се проценува на вкупно 265 милиони долари, туку ќе го даруваат на различни добротворни организации. Секако, тоа не значи дека своите деца ќе ги остават без ниту еден денар. Напротив, нивната желба е да ги научат сами да си ги заработуваат парите.

„Сакам да бидат снаодливи. Се надевам дека ќе бидат мотивирани да живеат како и до сега или да одржат некоја верзија на тоа што го имале“, објаснил Аштон Кучер.

Иако на мнпогумина им изгледа како необична пракса, Мила и Аштон не сакаат да ги размазат своите деца повеќе него ли што е потребно. Пример, не им купуваат божиќни подароци. Мила Кунис тоа го спомна уште во 2017 година во интервју за ET.

Profimedia

„Нашата нова традиција е да не купуваме поклони за Божиќ на децата. Кога децата се мали, тоа и не е толку важно. Минатата година кога славевме Божиќ, Вајат имаше само 2 години, а ние не и дадовме ниту еден поклон. Ја размазија бабите и дедовците. Детето повеќе не ги цени подароците. Децата не знаат што очекуваат, но очекуваат дека ќе добијат работи.“

Тоа е токму она што Мила и Аштон сакаат да го избегнат.

„Им рековме на своите родители: Ве преколнуваме, ако морате нешто да им дадете, одберете само еден подарок. Наместо тоа сакаме парите за поклоните да ги дадеме на некоја хуманитарна организација, детска болница или некое слично место. Тоа е нашата нова божиќна традиција“

Истражувањата покажаа дека голем број од децата кои израснале во богати семејства, подоцна во животот им недостига мотивација да се оформат како поединци. Доколку својот прв скапоцен автомобил го добијат уште како тинејџери, родителите им финансираат дизајнерска облека и врвни факултети, даруваат станови и куќи и им плаќаат патувања на егзотични локации, не е ни чудо што немаат порив да се докажат во одредено поле. Покрај сето тоа, на тие деца им недостасува друштвена емпатија.

И додека едните сметаат дека ускратување на божиќните поклони за децата е претеран чин, други им ракоплескаат на нивните методи за одгледување.

Profimedia

Кое е вашето мислење за ваквиот начин на одгледување на децата? Дали и вие би постапиле исто во таква ситуација?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот