Правилото на ФИФА е јасно: Зошто судијата Винчиќ го поништи голот на Барселона?

Интер - Барселона/04 октомври 2022/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Дербито во Лигата на шампионите вчера го одиграа Интер и Барселона, фаворити пред натпреварот беа фудбалерите на Барселона, но на крајот Интер беше тој кој се радуваше на победата.

„Нероаѕурите“ славеа минимално со 1:0, а најмногу за што се зборува после натпреварот се одлуките на главниот судија на натпреварот Славко Винчиќ. Првата контроверзна ситуација се случи во 67. минута кога Педри ја погоди мрежата на Барселона, но голот беше поништен.

Винчиќ го поништи голот поради играње со рака на Ансу Фати претходно во акцијата. И според правилото на ФИФА ова е грешка на Винчиќ.

„Ненамерното играње со рака кое претходи на гол на соиграч или гол-шанса повеќе не се смета за прекршок“, стои во соопштението.

Покрај оваа ситуација Винчиќ ги налути навивачите на каталонскиот клуб и со моментот во судиското продлжение од натпреварот кога во 92. минута не се реши да досуди најстрога казна, а не гледаше ниту ВАР снимка од спорниот момент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот