ПРАВИЛО 5 СЕКУНДИ: Како да дознаете дали е претопло за прошетка на кучето

Правилото 5 секунди е нешто што ниту еден сопственик на куче не смее да го игнорира. Дали знаевте дека е потребно помалку од 1 минута за кучешката шепа да добие непријатни плускавци?

Високите летни температури освен што се опасни за нас луѓето, опасни се и за миленичињата. Ако не сте сигурни дали е прежешко за да ги однесете на прошетка, овој тест ќе ви помогне.

Застанете со боса нога или ставете ја задната страна од раката 5 секунди на асфалтот. Ако не можете да издржите цели 5 секунди, значи дека е претопло и за вашето куче.

Ако температурата на воздухот е 25 степени, температурата на асфалтот директно на сонце е околу 50 степени. Ако температурата на воздухот достигнува до 30 степени, асфалтот достигнува и до 57 степени.

Шетањето на вашите миленичиња ограничете го на двапати дневно и тоа рано наутро и доцна навечер кога температурите ќе се намалат.

Секогаш носете вода за нив и избегнувајте поголеми активности, бидејќи иако навечер температурите не се високи, може да дојде до топлотен удар.

Знаците кои укажуваат дека шепите им се оштетиле се кривење, одбивање да одат, лижење на шепите, рани, меурчиња, црвенило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот