ПРАВИЛО 5 СЕКУНДИ: Како да дознаете дали е претопло за прошетка на кучето - Слободен печат
Некатегоризирано

ПРАВИЛО 5 СЕКУНДИ: Како да дознаете дали е претопло за прошетка на кучето

Ако не сте сигурни дали е прежешко за да ги однесете на прошетка, овој тест ќе ви помогне.

Правилото 5 секунди е нешто што ниту еден сопственик на куче не смее да го игнорира. Дали знаевте дека е потребно помалку од 1 минута за кучешката шепа да добие непријатни плускавци?

Високите летни температури освен што се опасни за нас луѓето, опасни се и за миленичињата. Ако не сте сигурни дали е прежешко за да ги однесете на прошетка, овој тест ќе ви помогне.

Застанете со боса нога или ставете ја задната страна од раката 5 секунди на асфалтот. Ако не можете да издржите цели 5 секунди, значи дека е претопло и за вашето куче.

Ако температурата на воздухот е 25 степени, температурата на асфалтот директно на сонце е околу 50 степени. Ако температурата на воздухот достигнува до 30 степени, асфалтот достигнува и до 57 степени.

Шетањето на вашите миленичиња ограничете го на двапати дневно и тоа рано наутро и доцна навечер кога температурите ќе се намалат.

Секогаш носете вода за нив и избегнувајте поголеми активности, бидејќи иако навечер температурите не се високи, може да дојде до топлотен удар.

Знаците кои укажуваат дека шепите им се оштетиле се кривење, одбивање да одат, лижење на шепите, рани, меурчиња, црвенило.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close