Правилна исхрана: Направете си детоксикација на желудникот

Profimedia
Profimedia

Чистењето на желудникот од токсини се препорачува за да може телото правилно да функционира. Истовремено се подобрува перисталтиката на цревата, се зајакнува имунитетот, се нормализира метаболизмот и организмот се ослободува од штетните материи.

За да го исчистите желудникот од токсини потребно е да земате многу течности и да јадете одредена храна што ќе ви помага во тоа. Пијте многу вода, зелен чај (или друг по ваш избор), цедени сокови и избегнувајте консумација на газирани пијалаци или тетрапак сокови, кои не содржат ништо природно.

Јадете храна богата со влакна: хелда, просо, киноа, кафеав ориз, овесни снегулки, свежо овошје и зеленчук. Киселото млеко задолжително треба да биде на вашето мени бидејќи е природен пробиотик и ја подобрува цревната флора.

Лененото семе е добро да го дадете во утринска или попладневна ужина, а тоа освен што е антиоксиданс, има поволен ефект и на дебелото црево, па помага во слабеење.

Богат со калциум, таанот исто така не треба да го занемарите. Најдобро е да се зема наутро, на празен желудник, измешан со мед.

Други детоксикатори се леќа, кељ, рукола, брокула, спанаќ, лимон, авокадо, ѓумбир. Подгответе смути во кое ќе додадете од зеленчуците, јаболко, јаткасти плодови. И секако земајте многу течности, барем два литра вода на ден или природен овошен сок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот