25 C
Скопје

Правилата за кандидатура за претседател на СДСМ се јасни, посакувам да имам противкандидат, вели Заев

Постапката за кандидатурите ќе почне набрзо. Правилата се јасни за да бидете претседател на СДСМ прво треба да бидете член на СДСМ, второ треба да имате барем пет години членство и тоа активно и на афирмирани позиции. Посакувам противкандидати на изборот заради тоа што првпат сите членови на СДСМ бираат претседател на својата партија, изјави денеска во Тетово премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

На новинарско прашање како ја коментира изјавата на Бојан Јовановски – Боки 13 дека ќе се кандидирал за претседател на СДСМ, го оцени како правење претстава од, како што рече,  криминалец потврден со судска пресуда.

Провокации пред изборите во СДСМ: „Проверени вицови“ за кандидатурите за лидер

-Јас одговорив. Еве пак ќе кажам, значи бандити и криминалци останува веројатно да прават шоу во делот на шоуто кое што и претходно го правеле. Процесите, заради тоа што премиер го пријавил случајот и заради тоа што премиер по сите основи не се ни осудил да прифати барање да му се помогне на Боки 13, туку како и сите граѓани си одговара по основа на закон, по буквар како што се вика, како што и секој во државата треба да одговара. Веројатно се случуваат веќе вакви шоу од страна на шоуменот Боки 13, односно криминалец потврден со судска пресуда во овој дел. СДСМ има квалитетни кандидати. Секако, јас сум сегашен претседател на партијата, мојот мандат завршува оваа година, втор мандат имав чест да и служам на оваа голема партија две години. Нашата постапка ќе почне многу набрзо во делот на кандидатурите и ќе зборуваме за се кој тоа ќе бидат кандидати во СДСМ. Правилата се јасни за да бидете претседател на СДСМ прво треба да бидете член на СДСМ, второ треба да имате барем пет години членство и тоа активно и на афирмирани позиции, рече Заев.

Според него, во партијата има плејада на такви наши сограѓани кои можат да се кандидираат.

-Верувам дека благодетот од придобивките, солидарноста, правичноста, од она што значи владеење на правото и еднаквоста во државата со политиките коишто ги проектираме, ги спроведуваме и ги ветуваме за периодот којшто престои пред нас ќе има доволно привлечност за многу луѓе да и членуваат на оваа партија, а преку тоа секако ќе имаат можност да се кандидираат и за претседател на СДСМ. Јас сакам да имам противкандидати на изборот заради тоа што првпат сите членови на СДСМ бираат претседател на својата партија. Убаво е да имам противкандидат, тоа е демократски секако уште потврдено, но секако тоа е право на сите коишто сакат да се кандидираат, истакна Заев кој денеска во Тетово учествува на консултативен состанок со претставници од компаниите, локалната самоуправа и средните стручни училишта во градот како дел од процесот „Учи паметно, работи стручно”, за унапредување на стручното образование според потребите на реалниот сектор.

Поврзани вести

Германската амбасадорка Холштајн за СП: За Германија е незамисливо за Албанија да каже да, а С. Македонија да ја остави

Слободен печат

ЦИВИЛ: Бришењето зборови од Речникот на македонскиот јазик нема да го намалат говорот на омраза, туку ќе го засилат

Слободен печат

Денеска се регистрирани 234 нови случаи на коронавирус, 25 лица починаа

Слободен печат

Извлечен човечки труп од реката Вардар

МИА Агенција

Формирана анкетна комисија за разрешување на албанскиот претседател Мета

МИА Агенција

Димитров: Естонското искуство може многу да ѝ користи на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар