Правдата задоцни

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

Во денешниот број на печатеното издание на весникот „Слободен печат“ прочитајте за документот со алармантни информации кои открива дека во ОХИС има жива што може да ја умртви цела Европа и за застарувањето на делото „Траекторија“ во кое беше осомничен Никола Груевски.

Во „Слободен печат“ ќе можете да се информирате и за различното читање на пораките од средбата Макрон-Пендаровски, како и за најавите дека просечната пензија во јануари ќе биде 15.500 денари.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ни даде зелено светло уште на почетокот на следната година оти само така ќе може да се оправда себеси, но и да се ослободи од силниот притисок што му тежи на грбот, предвидуваат експертите.

Во новото изндание и новите колумни на Весна Дамчевска, Сашо Орданоски, Никола Поповски, Љубомир Костовски, Златко Теодосиевски, Гордан Георгиев…

Од светските теми, прочитајте и за судирот на Рама со Приштина поради „малиот Шенген“, како и за поплавата во Венеција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот