Правата на Македонците во Албанија тема на средбата Стерјовски-Крафорд

Фото Миа
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ ) и пратеник во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, денеска оствари работна средба со шефот на политичкиот и економскиот оддел на Амбасадата на САД во Албанија, Иан Крафорд.
-Средбата беше остварена во просториите на законодавниот дом во Тирана, по барање на господин Крафорд. Разговаравме за положбата на македонското малцинство во Албанија, предизборната кампања во Албанија, како и моите активности како пратеник во албанското Собрание, информираше Стерјовски.
Посочи дека ја изнесол оценката дека САД се наш стратешки партнер и гарант за почитувањето на правата на малцинствата во Албанија.
Стерјовски стана пратеник во мај 2019 година и во оценката на релевантни институции е еден од најактивните.
На претстојните парламентарни избори, што ќе се одржат на 25 април, тој е на кандидатската листа на Социјалистичката партија во Избора единица за округот Корча, од каде го доби и првиот мандат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот