Пратеник од Нова демократија казнет поради прекршување на рестриктивните мерки

Грчкиот Парламент во Атина / Фото: EPA-EFE/CHRISTINA ZACHOPOULOU

За време на контролата на надлежните органи во Грција за почитување на рестриктивните мерки, во текот на вчерашниот ден, било откриено прекршување од пратеникот на владејачката Нова демократија Милтос Хрисомалис, на кој му била изречена и соодветна парична казна, јави дописничката на МИА од Атина.

Генералниот секретар на пратеничката група на Нова демократија соопшти дека го повикал пратеникот и му упатил сериозна опомена.

Според грчките медиуми, Хрисомалис бил казнет за време на контрола во хотел во центарот на Атина, а бил во лобито, без маска и за време на полициски час.

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека ова е доказ дека се прават контроли, а контролите и мерките важат за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот