Пратеник од Иран: Три милиони долари за човекот кој ќе го убие Трамп

„Во името на народот од провинцијата Керман, ќе платиме три милиони долари награда во готово за оној којшто ќе го убие Трамп“, изјави пред пратениците во парламентот Ахмад Хамзех.

Ирански пратеник понуди награда од три милиони долари за „оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, јави иранската агенција „Исна“.

– Во името на народот од провинцијата Керман, ќе платиме три милиони долари награда во готово за оној којшто ќе го убие Трамп – изјави пред пратениците во парламентот Ахмад Хамзех, а го цитираше „Исна“.

Хамзех не прецизираше дали одлуката да му се заканува на американскиот претседател Доналд Трамп ја донле иранските верски лидери, напоменува „Ројтерс“.

Британската агенција укажува дека Керман е родното место на иранскиот воен командант Касем Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад со дрон во близина на Багдад, кој одобрен токму од Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот