Пратениците расправаа за закони од сферата на здравството, гласањето најавено за 9 март

Фото: mia.mk

Во попладневниот дел од 34-тата седница, претениците дебатираа за девет закони од сферата на здравството.

Пратениците од опозицијата нагласија дека Предлог-законите се само усогласување со Законот за прекршоци од 2019 година и оти сето тоа би било во ред доколку земјава не се соочува со катастрофални последици од ковид-19.

Според нив, наместо да се прават вакви усогласувања, досега министерот за здравство Венко Филипче и Владата требаше да набават вакцини.

Пратениците од мнозинството, пак, оценија дека секогаш кога е тема здравството, опозицијата се обидува да собира политички поени.

Тие порачаа дека не е точно оти само земјава се соочува со проблеми во справувањето со пандемијата, бидејќи нив ги има во целиот свет, оценувајќи дека на опозицијата ѝ пречи „кредибилитетот на министерот Филипче и Комисијата за заразни болести”.

Од дневниот ред од 68 точки, пратениците го завршија општиот претрес за околу 60 од нив, од кои најмногу во прво читање. Најголем дел од овие законски решенија се од сферата на финансиите, од сферата на Министерството за внатрешни работи, за здравство и земјоделство.

Дополнително ќе биде закажано продолжението на 34-та седница, а како што во претпладневниот дел најави спикерот Талат Џафери, за законите ќе се гласа на 9 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот