Пратениците не можат да се соберат бидејќи се лути што ги нема на пратенички листи

Како да се собере Собранието кога половината и повеќе од пратениците се лути што не се најдоа на пратеничките листи. Лути нема да сакаат да ги следат партиските насоки за евентуално враќање во Парламентот, велат собраниски извори за Слободен печат.

Парламентот не се собра за прогласување на вонредната состојба, а спикерот Талат Џафери одлучи барањето од Владата за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, да му го препрати на претседателот Стево Пендаровски.

Во случај кога коронавирусот ги одложува изборите, а државата прогласи вонредна состојба, во јавноста се погласни се прашањата, дали и како народните избраници ќе продолжат со работа. Што точно треба да работат пратениците во услови на распуштено Собрание и прогласена вонредна состојба поради епидемија, го прашавме поранешниот независен пратеник Павле Богоевски. Тој вели дека нашиот Устав точно предвидува кога на пратенците им се продолжува мандатот.

-Со одлука на Уставиот суд пратениците можат да продолжат со работа дури и по самораспуштање доколу се исполнети уставните услови, односно има прогласено воена или вонредна состојба. Во ваква ситуација, значајно е прашањето околу надзорот и контролата врз Владата која ќе раководи со вонредната состојба. Иако министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Оливер Спсовски до сега со кризата се справуват одлично, мора да се внимава, да не се постави преседан – државен систем без никаква собраниска контрола. Може да ни се повтори сценариото кое го имавме до неодамна, односно да имаме претседател или Влада која не сака собраниска контрола. Овој преседан може да го искористи за одржување неконтролирана власт неограничено, по распуштање на Собранието – вели Богоевски за Слободен печат.

Собраниски извори за Слободен печат ја отвораат и дилемата дали Собранието ќе може повторно да се собере бидејќи, повеќе од половината од пратениците не се дел од пратеничките листи на своите партии. Се очекува токму тие да ја откажат партиската послушност, односно да не ги следат партиските насоки за евентуално враќање во Собранието. Во тој правец ги гледаат и изјавите на спикерот Талат Џафери. Велат дека од поранешната пратеничка група само двајца се на пратеничките листи на ДУИ, останатите осум се со црвен картон. Нашите извори се сомневаат дека токму тие се народните избраници кои нема да ја послушаат партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот