Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат амандамни за измена и дополнување на Законот за јазиците

Фото Архива

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат амандамни со цел измена и дополнување на Законот за употреба на јазиците и негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија, изјави денеска пратеникот Драган Данев.

– СДСМ да се охрабри и да ги поддржи амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, побара Данев, кој не прецизираше што ќе содржат предлозите на опозициската партија. Само кажа дека тие се подготвуваат и дека се очекува амандамните да бидат поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од овој пратенички состав.
Потсети дека и при донесување на Законот за употреба на јазиците тие посочиле дека тој е спротивен на Уставот и надвор од европските стандарди. Почитувањето на забелешките од Венецијанската комисија, рече Данев, се обврска за нашата држава.
Исто така, Данев ја повика владејачката партија да ги прифати предлозите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за гласање на закон за забрана на амнестија за политичари, како и за забрана со политика на лица кои биле амнестирани.
– Заев се плаши да прифати закон за утрврдување на потекло на имот на политичарите кои преку ноќ се стекнале со огромни богатства. Доколку Заев има малку чест и храброст тој ќе го прифати и предлогот на претседателот Мицкоски за измени во законот за избори и воведување на кандидат мандатар, со што претендентот за премиер нема да може после избори да се крие зад пратеничкиот имунитет и ќе си замине од политика, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот