Пратениците на 27 октомври ќе расправаат за Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на буџетот

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите изјави дека пратеничките групи побарале законот да не биде ставен на седницата на 20 овој месец за да се усогласат за одредени прашања. Но, Џафери истакна дека поради разногласието на партиите нема намера да свикува седница само за една точка на дневен ред по скратена постапка и ги информирал дека наредната седница ќе биде на 27 октомври.

На седницата на 27, доколку се постигне договор меѓу парламентарните партии би можело на дневен ред да биде и избор на Уставен судија.

До седницата се очекува да заврши изолацијата на тројцата пратеници кои беа позитивни на ковид-19. Според Џафери, тие се во добра здравствена состојба.

Во однос на објавените информации во јавноста за набавка на 100 компјутери за пратениците, претседателот на Собранието потенцираше дека станува збор за компјутери набавени за службата на Парламентот, а не за пратениците и дека тоа најмалку има врска со одржување на онлајн седници. Компјутерите се набавени во рамки на проект на Швајцарската амбасада и НДИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот