Пратениците ќе ја продолжат расправата за задолжително носење маски

Пратениците ја изгласаа потребата за измените на предлог законот за заштита на населението од заразни болести. Тоа значи воведување на новите мерки задолжително носење на заштитни маски на отворено и максимум четири гости во домовите.

Со 60 гласа за, воздржани 32 без ниту еден глас против, на денешната собраниска седница во прво читање помина Предлог законот за заштита на населението од заразни болести.

Собранискиот спикер Талат Џафери ги задолжи матичната комисија за здравство и законодавно правната комисија да закажат седници на кои ќе се најде законот.

Образложувајќи ги измените на законот министерот за здравство Венко Филипче рече дека измените се носат поради зголемените мерки за непочитување на здравствените мерки за заштита од коронавирусот

-Некои од членовите кои се менуваат се однесуваат на измените на дел од уредбите кои беа донесени во вонредната состојба и се однесуваат на институциите каде се лекуваат пацентите и на зголемување на ингеренциите на повеќе инспекторати за контрола на спроведување и санкциннирање на непочитување на превентивните мерки, рече Филипче.

Законот сега треба да оди на комисиска расправа, по што ќе биде вратен на пленарна седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот