Пратениците гласаа за повеќе заостанати закони

Собранието на Република Северна Македонија, по завршување на 38. седница, гласаше за повеќе закони по заостанати точки од 20-та, 25-та, 26-та, 29-та, 30-та и 34-та пленарна седница. Според информации од Собранието, донесени се 16 закони, кои беа во второ читање, како и повеќе закони во прво читање и одлуки.

За овие закони расправата беше завршена, но поради немање кворум и мнозинство гласањето за нив беше одложено. Владејачкото мнозинство брои 62 пратеници, а во изминатиот период се соочуваше со помал број пратеници поради тоа што некои од нив беа болни од ковид-19 или мораа да отсуствуваа од работата на Собранието од други причини.

Претходно вечерва во рамки на 38. седница пратениците ги донесоа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка и измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто се предвидува воведување на терминали за отисок од прсти на локалните избори што се одложуваат за втората половина на октомври.

Измените и дополнувањата на Законот за попис беа донесени со 95 гласа „за”, а „против” гласаа 12 пратеници. Во рамки на гласањето по Бадентер, 26 пратеници од заедниците гласаа „за”, додека 12 против. Воздржани немаше.

Исто така со 95 гласа „за” беа донесени измените на Изборниот законик, кои беа поднесени од сите пратенички групи и за кои немаше расправа. Против и воздржани немаше. Во гласањето по Бадентер, 27 пратеници припадници на заедниците гласаа „за”, а против и воздржани немаше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот