Пратениците чекаат на партиски договор за да ја продолжат расправата за СЈО

На законодавно-правната комисија во Собранието денеска само беше изгласан дневниот ред на кој прва точка е предлог законот за ЈО. Расправата по амандманите ќе почне дури откако ќе има напредок во преговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на законското решение.

– Бидејќи не се создадени услови за расправа ја прекинувам седницата – рече претседателката на комисијата, Соња Мираковска од НСДП.

Иако средба на партиските претставници се очекувала вчера, сепак, таа не се случила, а неизвесно е и денеска дали ќе се сретнат. Како што велат извори од преговарачките тимови неусогласени се ставовите околу предметите на СЈО, односно кои и како ќе бидат преземени од новото обвинителство и каква ќе биде нивната судбина, на кој начин ќе се преземат обвинителите од СЈО дали само со нивно префрлање или со нови конкурси, кој може да биде обвинител во новото обвинителство, односно дали треба да може да се предлагаат и луѓе од професорската фела, дали изборот да биде преку Собранието или преку Советот на обвинители што ќе биде со стручните соработници на СЈО и со архивата.

– Верувам дека разликите ќе се надминат, разговорите се водат во одлична атмосфера со мисла дека треба да се постигне договор – рече Мираковска по завршувањето на седницата на комисијата.

Таа е оптимист дека законот за ЈО ќе се донесе до 15 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот