24.8 C
Скопје

Пратеници против граѓани!

„По изминати 30 години од првите повеќепартиски избори, сведоци сме на постојано одложување на седниците на македонското Собрание, од причина што пратениците од опозицијата не сакаат да влезат на пленарна седница се додека парламентарното мнозинство не обезбеди кворум.
Ова е нов и најсовремен “придонес “ на Македонија во развојот на парламентарна демократија на глобален план. Преведено на едноставен јазик значи дека само победниците на парламентарни избори имаат обврска да одат на седници на собранието, додека опозиционите пратеници се само декор на парламентарниот живот,  се додека тие не дојдат на власт.Во тој случај тие ќе присуствуваат на пленарните седници на собранието, а новата опозиција ќе си седи дома и ќе си прима полна плата.
Каква деформирана свест?

После се’, логично се поставува прашањето, кој им дал мандат на пратениците од опозицијата да си седат дома, додека на дневен ред на Собранието се прашања од животен интерес на граѓаните.

Секојдневно ги уриваат надежите на граѓаните дека е можен политички договор меѓу релевантните политички партии за излез од севкупната криза“, пишува лидерот на НСДП Тито Петковски на свјот Фејсбук статус.

Поврзани вести

Мекафи се самоубил

Слободен печат

Логар: Европската иднина на Западен Балкан е меѓу приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ

Слободен печат

Со нож избодела сестрата близначка

Слободен печат

ВИДЕО | Торнадо ја опустоши Јужна Моравија: Автомобили паѓаа по куќи

Слободен печат

Спасовски домаќин на „Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии” во Охрид

Слободен печат

ВИДЕО | Безмалку 100 исчезнати во урнатата зграда на Флорида

Слободен печат

Остави Коментар