Пратениците во Бундестагот го поддржаа влезот на Хрватска во еврозоната

Бундестаг/ Фото: ЕПА

Германскиот Бунтестаг синоќа го поддржа воведувањето на еврото во Хрватска, со оценка на пратениците дека Хрватска ги исполнила сите неопходни критериуми за влез во еврозоната.

Германските законодавци согласни дека во интерес на Германија е натамошен развој и заокружување на економската и монетарната унија.

На одлуката се спротивставија единствено пратениците на крајната десничарска партија „Алтернатива за Германија”, чиј пратеник Норберт Клејнвахтер ја нарече Хрватска „Новата Грција”.

На летниот самит одржан на 24 јуни лидерите на ЕУ ја поддржаа препораката за влез на Хрватска во еврозоната, што е претпоследен чекор во процесот на одлучување.

Последниот чекор е усвојување на трите законодавни предлози за влез на Хрватска предвидено да се случи на состанокот на Советот за економија и финансии на 12 јули, така што од 1 јануари наредната година еврото ќе биде официјална валута во Хрватска.

Последното проширување на еврозоната се случи во 2015 година кога еврото стана официјална валута во Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот