Пратениците се враќаат во подновената пленарна сала, прв тест за модерната опрема – пратеничките прашања

Фото: МИА

Пратениците од денеска се враќаат во салата број 1, каде ќе користат нова модерна конференциска опрема. Во оваа сала со почеток во 11 часот ќе се одржи новата 72. седница на Собранието, посветена на пратенички прашања.

Новата модерна конференциска опрема во пленарната сала нуди целосно компјутеризиран и дигитален принцип на функционирање, поточно работа без хартија, управување со редоследот на говорници, унапреден видео-стримиг, видео-архива со пребарување, извештај за гласање на секоја точка на дневен ред…

Новата опрема и новата веб-страница на Собранието ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста пред граѓаните и ќе им овозможат полесен пристап на граѓаните до голем број информации за работата на законодавниот дом.

Новинарите повторно ќе може директно да ги следат седниците од галеријата во пленарната сала, откако е вратен во функција и прес-центарот во салата бр.3. На снимателите и на фото-репортерите денеска ќе им биде овозможено снимање на инсерти на почетокот на 72. седница.

Монтажата на новата опрема е спроведена во декември 2021 година, а наменската доработка и адаптација на салата во периодот од јануари до април 2022 година. Производител на опремата е германската компанија „Брелер ИЦС Конефернцтехник”, а вредноста на инвестицијата е 520.000 евра. Ваква опрема се користи во Светскиот конференциски центар во Бон, во Албанија, Швајцарија, Холандија…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот