Пратениците лани најмногу работеле во април: Дури две недели

Собрание
Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Во ноември 2021 година пратениците само 2 пати влегле во пленарната сала, во септември 4 пати, во февруари 5, во мај 6, а во јануари 7 пати. Малку поактивни биле во март, декември и јуни, кога одржале по 10 седници. Најмногу работеле во април, цели две недели. Во август беа на одмор, а во октомври воопшто не работеа поради изборите. За цела година одржале само 77 седници. Од вкупно 59 закажани пленарни седници, 39 се завршени, а 20 останале за оваа година. Статистиката покажува и висока бројка на донесени закони по скратена постапка, 79, наспроти 111 во редовна постапка.

Политикологот Благојче Атанасоски вели дека политичката култура во триесетгодишното функционирање на Собранието изигра со ниска севсност за потребите на граѓаните, па така, според него, и пратениците повеќе гледале да си ги земат патните трошоции и да им помине мандатот без некое нивно суштинско придонесување.

– Вопшто не ме чуди нивната слаба работа во 2021 година, очекувам исто да биде и во новата година, и повеќе пратениците да бидат класична партиска испостава на нивните матични партии, односно да бидат репрезенти на граѓаните. За да се смени ова мора да има промена на изборниот модел со отворени листи и тогаш граѓаните директно да ги бираат пратениците, па оттука и нивната одговорност во Собранието и кон граѓаните ќе биде многу поголема, доклку сакаат нивен реизбор на пратеничките функции, изјави Атанасоски за „Слободен печат“.

Од друга страна политикологот Иво Рангеловиќ смета дека статистиката не е клучниот индикатор врз кој треба да формираме заклучок за работата на Собранието. Според него, ниту промена на изборниот модел не може суштински да придонесе со додадена вредност во неговата функционалност.

Народните избраници треба да воспостават почит кон таа институција и сериозно да ја сфатат својата позиција – пратеник. Како надоврзување на ова, исклучително важно е работењето на Собранието да не биде целосоно диригирано од партиски политики или лични интереси. Доколку се ова пратениците го земат предвид, статистиката на работата на собранието станува ирелевантна, изјави политикологот Иво Рангеловиќ за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот