Пратениците го изгласаа Голоб за нов премиер на Словенија

Роберт Голоб/ Фото Jure Makovec / AFP / Profimedia

Словенечките пратеници го одобрија Роберт Голоб за мандатар на новата Влада, откако неговата партија победи на националните избори минатиот месец, отворајќи го патот за формирање нова влада, пишува агенцијата СТА.

На тајното гласање, 54 пратеници го поддржаа Голоб, поранешен извршен директор на државна енергетска компанија која започна проекти за зелена енергија. Голоб претходно оваа година стана лидер на централната еколошка партија Движење на слободата, која беше формирана минатата година. Против гласаа 30 пратеници.

„Луѓето очекуваат надеж“, рече Голоб во обраќањето пред парламентот. „Ако вложам каков било напор, ќе се трудам да им дадам надеж на луѓето за подобра иднина“, рече тој.

Тој рече дека првите приоритети на неговата влада ќе бидат создавање праведна социјална држава во која секој ќе има пристап до здравствена заштита и општество засновано на солидарност и знаење.

Голоб рече дека итен проблем се зголемувањето на цените на енергијата и храната, но дека неговата влада ќе работи заедно со производителите за да се постигне стабилност на залихите и цените до есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот