Пратениците ги обвинуваат Џонсон и Бајден за целосен морален пад на нивната обврска кон Авганистан
Британските пратеници во средата остро ги критикуваа премиерот Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден за поразот во Авганистан и паѓање во рацете на Талибанците, оценувајќи го како неуспех на разузнавачките служби, недостаток на лидерство и колапс на моралната должност
Говорејќи на вонредната седница на парламентот, Џoнсон рече дека за Талибанците треба да се суди според нивните постапки, а не по зборови, откако милитантите се обидоа да ја убедат светската јавност дека нема да се одмаздат.
На неполна минута од неговот воведно обраќање, Џонсон беше прекинат од член на неговата Конзервативна партија кој упати остри критики кон британскиот премиер
Тој го обвини Џонсон дека е несовесен премиер, а владата која ја предводи ја обвини за „несовесно раководство“.
– Имаше крајно погрешна проценка за издржливоста на авганистанските сили и зачудувачкато самозадоволство на нашата влада кога станува збор за Талибанците, гласат критиките на британските парламентарци кон Џонсон.
Поранешната конзервативна премиерка Тереза Меј, исто така, постави прашање како Велика Британија толку погрешно ја проценила силата на Талибанците, кои за седум дена го совоија цел Авганистан
Велика Британија вети дека ќе прифати до пет илјади Авганистански бегалци во првата година од новата програма за имиграција, која ќе опфати вкупно 20.000 луѓе. Приоритет ќе имаат жените, девојчињата, верските и другите малцинства.
Но, пратеникот од лабуристите Крис Брајант повика да се забрза програмата.
– Што ќе прават другите 15 000? Ќе чекаме додека не бидат погубени?, праша тој .