Пратеничките обврски на Ејуп Алими го одложија „Титаник 3″

Поради службено отсуство на обвинетиот Ејуп Алими, рочиштето за предметот „Титаник 3″ е одложено за 13 септември.

Претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка информираше дека поради пратенички обврски во Собранието, парламентарниот спикер Талат Џафери го известил судот дека Алими во својство на пратеник и координатор на ДУИ учествува во работата на редовните координативни средби кои се одржуваат секој понеделник.

Клетничка нагласи дека за наредното рочиште на кое се закажани завршни зборови, присуството е задолжително, а доколку некој не присуствува ќе бидат преземени дополнителни мерки.

Во „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот