Пратеничките обврски на Ејуп Алими го одложија „Титаник 3″ – Слободен печат
Хроника

Пратеничките обврски на Ејуп Алими го одложија „Титаник 3″

Во „Титаник 3" обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Поради службено отсуство на обвинетиот Ејуп Алими, рочиштето за предметот „Титаник 3″ е одложено за 13 септември.

Претседателката на судечкиот совет Марија Клетничка информираше дека поради пратенички обврски во Собранието, парламентарниот спикер Талат Џафери го известил судот дека Алими во својство на пратеник и координатор на ДУИ учествува во работата на редовните координативни средби кои се одржуваат секој понеделник.

Клетничка нагласи дека за наредното рочиште на кое се закажани завршни зборови, присуството е задолжително, а доколку некој не присуствува ќе бидат преземени дополнителни мерки.

Во „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close