Пратеничката Смилевска позитивна на коронавирусот

Пратеничката Кети Смилевска, од редовите на СДСМ е позитивна на коронавирусот, пишува Канал5.

Смилевска, која воедно е и првата пратеничка позитивна на заразата, за Канал5 изјави дека не знае како заболила, бидејќи заедно со децата била во самоизолација еден месец, а единствено, поради работни обврски, излегувал од дома нејзиниот сопруг.

Таа во саботата била хоспитализирана во болницата во Прилеп, кога и се влошила здравствената состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот