Пратеничката Поцкова позитивна на коронавирус

Во Собранието регистриран е и трет случај на коронавирус меѓу пратениците. Пратеничката Јадранка Поцкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на коронавирус, откако деновиве тоа го објавија пратениците Исмаил Јахоски од ДУИ и Лазе Таневски од СДСМ.

Денеска на координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери, пратеничките групи не постигнаа согласност за прекин на работата со физичко присуство, па дебатата на координаторите на групите продолжува кај Џафери и следниве денови.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа идејата пратениците да работат од дома, онлајн додека трае пандемијата, сметајќи го тоа како неуставно.

Во Уставот пак, не е забранува односно не кажува децидно на какви седници Собранието треба да работи. Владата веќе одлучи да одржува седници онлајн и тоа ќе го стори и денеска попладне и се очекува да ги усвои новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести за да се спречи ширење на заразата поради големиот број инфицирани од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот