Пратеничката листа на ДУИ во петтата изборна единица ќе ја предводи Џафери?

Од ДУИ велат дека сè уште нема дефинитивна одлука за пратеничките листи, меѓутоа неофицијално потврдуваат дека се исцртуваат можните фаворити и во другите изборни единици.

Собранискиот спикер, Талат Џафери најверојатно ќе ја предводи пратеничката листа на ДУИ на претстојните предвремени парламентарни избори во петтата изборна единица, пишува „Фокус“.

На изминативе изборни циклуси, Џафери заземаше високи позиции на листата во шестата тетовско-гостиварска изборна единица, каде секогаш, без исклучок, носител бил партискиот лидер Али Ахмети.

Така се очекува да биде и на претстојните избори, односно Ахмети да ја предводи листата во „шестката“, а Џафери да биде носител во „петката“.

Од ДУИ велат дека сè уште нема дефинитивна одлука за пратеничките листи, меѓутоа неофицијално потврдуваат дека се исцртуваат можните фаворити и во другите изборни единици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот