Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за Мицкоски

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека го поддржува актуелниот претседател на партијата Христијан Мицкоски, по повикот на дел од партиското членство за вонреден конгрес на партијата.

Пратениците упатуваат препорака до матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува во соопштението, во однос на интегритетот на партијата како политички субјект, од страна на кои било поединци или групи.

Ние, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како избрани претставници на граѓаните во Законодавниот дом, како примарна цел ја имаме работата во интерес на народот за подобра економија, подобро здравство, поголема правна сигурност, преку разобличување на актуелната власт која ја претвори државата во хибриден режим, со највисока корупција во Европа. Во овој контекст, пратениците ја даваат својата безрезервна поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата, за со заедничко и координирано дејствување да успееме што поскоро да ја поразиме актуелната власт, која што не е дел од решението, туку е дел од проблемот на македонските граѓани, особено во делот на економијата, здравството и образованието, се посочува, меѓу другото, во сооопштението од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот