Пратеничка од Бундестагот: НАТО ги штитеше криминалците од ОВК
Севим Дагделен, пратеничка од турско потекло во германскиот Бундестаг, изнесе обвинувања на сметка на поранешната ОВК и нејзините лидери, но и на сметка на НАТО наведувајќи дека Алијансата „го прекршила меѓународно право со поддршката на ОВК криминалци“.
Таа на Фејсбук напиша дека задача на Трибуналот во Хаг сега е „да осигура безбедност на потенцијалните сведоци за да не ги заплашуваат или убиваат, како што беше случај со поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај“, јавува „Репортери“ од Приштина, пренесува „Косово онлајн“.
– Потврдата на обвинението против Тачи е удар и за сојузната Влада која сите овие години ги бранеше злосторниците, со оглед дека германската разузнавачка служба БНД укажуваше на командатите во 2005 година како на врска меѓу организиран криминал и политика, како и главната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте која го откри криумчарењето на органи во 2008 година, напиша Дагделен.
Таа изнесе обвинувања и за поранешните лидери на водечките НАТО членки – Бил Клинтон (САД), Тони Блер (Велика Британија) и Герхард Шредер (Германија).