Прашањето за азилот на Груевски го збуни еврокомесарот Вархељ

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

На прашањето за ниската доверба во судството, особено по бегството на екс премиерот Никола Груевски во Унгарија, од каде доаѓа и еврокомесарот Оливер Вархељ, тој побара да се повтори прашањето, сметајќи го како изјава.

Потоа тој одговори дека не смета дека Комисијата ја има поставено таа цел и избегна да коментира.

– Во реформите не спаѓа враќање на поранешен премиер од земја-членка на ЕУ. Се работи за национална способност, ЕУ или Комисијата нема што да кажат на ова прашање, најдобро е да го испратите до унгарските власти, рече Вархељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот