ПРАЌАЛ ИНТИМНИ СЛИКИ: Му понудиле работа, па се обидел да ја „убеди“ менаџерката на човечки ресурси – Слободен печат
ЗабаваМагазин

ПРАЌАЛ ИНТИМНИ СЛИКИ: Му понудиле работа, па се обидел да ја „убеди“ менаџерката на човечки ресурси

Откако пристигнала првата, таа ја игнорирала, но фотографиите не престанале да доаѓаат во нејзиниот инбокс.

Испраќањето фотографии од половите органи речиси секогаш е лоша идеја, освен во исклучителни ситуации кога се разменуваат со личност од доверба.

Но, еден човек од Илиноис мислел дека со вакви фотки ќе ја „убеди“ менаџерката на одделот за човечки ресурси да ја добие работата и не престанал по првата слика.

„На оваа личност ѝ била понудена работа во една фирма. Тој решил да ѝ испрати разголена слика на менаџерката за човечки ресурси“, соопштиле од тамошната полиција, откако таа го пријавила кандидатот за вознемирување.

Тој се бранел дека сакал да ги испрати кај девојката, а дека по грешка завршиле кај менаџерката. Откако пристигнала првата, таа ја игнорирала, но фотографиите не престанале да доаѓаат во нејзиниот инбокс.

Секако, тој останал без понудата за работа, а менаџерката решила да не го тужи, туку да помине само со предупредување да избегнува секаков контакт со неа во иднина.

Направила ЛАЖЕН ПРОФИЛ на ФБ, па се допишувала СО СОПРУГОТ: Да раскинеме, пред ЃАВОЛОТ да дојде по своето!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close