Прајс: Вашингтон ја поддржува Литванија во однос на заканите од Москва

Нед Прајс
Нед Прајс / Фото: Архива на „Слободен печат“

Соединетите Американски Држави денеска изразија поддршка за членката на НАТО, Литванија, во однос на заканите на Русија против Вилнус, која воведе ограничувања за некои стоки кои минуваат низ нејзина територија за руската енклава Калининград.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс повтори дека Вашингтон ја задржува својата посветеност според членот 5 од Договорот за НАТО, кој предвидува дека нападот на сојузничката земја е напад врз сите членки на НАТО.

„Ние ги поддржуваме нашите сојузници во НАТО и ја поддржуваме Литванија“, рече Прајс.

Тој го поздрави спроведувањето на европските санкции против Русија поради руската инвазија на Украина.

„Ја зајакнавме нашата посветеност за поддршка на Алијансата, го зајакнавме источното крило на НАТО, особено во оние земји кои се во првите редови на заканите на Русија“, рече Прајс.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот