Прајс: Белорусија ќе добие брз и цврст одговор ако дозволи Русија од нејзина територија да изведе напад на Украина

Нед Прајс
Нед Прајс / Фото: Архива на „Слободен печат“

Американските власти најавија дека ќе организираат „брз и цврст одговор” кон Белорусија доколку и дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за евентуален напад на Украина.

– На ист начин на кој јасно и ставивме до знаење на Русија во последните денови дека ќе плати скапо за „можната инвазија”, ние исто така јасно и ставаме до знаење на Белорусија дека ако дозволи од нејзина територија да биде нападната Украина, таа ќе добие брза и цврст одговор од САД и нивните сојузници, предупреди портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Минатата недела Вашингтон изрази загриженост поради плановите за уставна реформа во Белорусија што ќе овозможи распоредување на руско нуклеарно оружје во земјата што граничи со Украина и Полска.

Народното собрание на Бугарија ќе одржи вонредна седница поради тензиите меѓу Русија и НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот