Прага на нозе: Големи протести во Чешка против министерката за правда (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Повеќе илјади Чеси протестираа вчера во Прага, трета седмица по ред, против новата министерка за правда Марија Бенесова, стравувајќи дека би можела да влијае на судската постапка против премиерот Андреј Бабиш.

Бабиш е обвинет за проневера на два милиона евра од европски фондови, но тој ги негира обвинувањата.

Марија Бенесова, која беше именувана на должноста министер за правда, е адвокат и советник на претседателот Милош Земан.

„Протестираме поради фактот дека таа стана министерка за правда еден ден по спомнувањето на обвинението против премиерот. Тоа за нас е неприфатлива коинциденција“, изјави Микулаш Минар, организатор на протестите, пренесе „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот