Познато кога навивачите ќе се вратат на стадионите во Англија

twitter/Diario Marca

И новата сезона во Премиер лигата ќе започне пред празни трибини.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, најави дека навивачите на есен ќе може да се вратат на стадионите во Англија. Според Џонсон, во август ќе бидат извршени неколку проби со навивачи на трибините кои мора да ги почитуваат протоколите и доколку успешно се завршат тестовите, тогаш навивачите ќе моат да се вратат на стадионите од октомври годинава.

– Ќе извршиме проби со поголеми собири како што се спортски настани со идеја на есен да дозволиме отворање на стадионите. Нашата намера е во октомври да ја вратиме публиката на стадионите. Но, овие промени мора да се одработат на најбезбеден начин, а тој ќе биде регулиран кога ќе се извршат пробите – изјави Џонсон.

Пробите ќе бидат извршени на пријателските натпревари во крикет на 26. и 27. јули, потоа на светското првенство во снукер кое се одржува во Шефилд (31 јули) и на први август за време на трките со коњи во Гудвуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот