Познато е зошто Вучиќ синоќа свика итен состанок на државниот врв

Фото: EPA/ARMANDO BABANI

„Претседателот Вучиќ рече дека една од работите која го загрижила била уринирањето на српската тробојка во Црна Гора и она што е можеби уште поопасно, отсуството на реакцијата на црногорските власти“, изјави Стефановиќ за РТС и порача дека тоа е „приоритет“ и дека „најважно е да се зачува мирот и стабилноста во регионот“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во следниот период ќе разговара со својот црногорски колега Мило Ѓукановиќ за смирување на напнатоста во Црна Гора, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ по итниот состанок на државниот врв „поради влошената ситуација во регионот“, пренесува „Индекс“.

Коментирајќи ги инцидентите во Подгорица вчера, кога при дочекот на ватерполо репрезентацијата на Црна Гора е претепано едно момче и е осквернавено знамето на Србија, Стефановиќ реќе дека српскиот државен врв реагирал поради загрижувачкиот факт дека „насилството е произлезено поради етнички причини“.

– Претседателот Вучиќ рече дека една од работите која го загрижила била уринирањето на српската тробојка во Црна Гора и она што е можеби уште поопасно, отсуството на реакцијата на црногорските власти – изјави Стефановиќ за РТС и порача дека тоа е „приоритет“ и дека „најважно е да се зачува мирот и стабилноста во регионот“.

Додаде дека сакаат да разговараат со властите во Црна Гора.

– Очекувам дека претседателот Вучиќ со претседателот Ѓукановиќ набрзо ќе разговараат со цел намалување на тензиите како и заштита на српскиот народ во Црна Гора – рече Стефановиќ.

Коментирајќи ја изјавата на црногорскиот шеф на државата дека со злоупотребата на протестите поради спорниот „Закон за слобода на вероисповед“ постојат намери да се „сруши Црна Гора“, Стефановиќ рече дека „не сака да навлегува во односите на државите и црквите, особено не во туѓа држава.

Тој сепак оцени дека е нормално „државата да не уредува како некој ќе се моли на Бога и ќе ја почитува верата и традицијата“.

Црна Гора во последните денови на 2019 година го усвои законот за слобода на вероисповед, со кој се регулира и прашањето за сопственоста на имотите на верските заеднци, што во значајна мерка ги загрозува имотите кои со векови и припаѓаат на Српската Православна Црква во оваа земја. СПЦ тој закон го гледа како параван за одземање на нивниот имот во Црна Гора. Законото пак го поддржува таканаречената Црногорската Православна Црква, која на тоа гледа како прв голем чекор кон обнова на афтокефалноста под закрила на Ѓукановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот