Познато е кој ќе го наследи Куман во Барселона и кој ќе биде привремено решение

Чави Ернандез неделава и официјално треба да биде промовиран како нов тренер на Барселона/ фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Управата на Барселона по вчерашниот пораз на тимот од Рајо Ваљекано, веднаш ја започна потрагата по новиот тренер бидејќи Роналд Куман експресно доби отказ.

Серијата од два порази по ред, од Реал Мадрид и Рајо Ваљекано, како и лошите игри од почетокот на сезоната му пресудија на Куман, ја оставија управата на Барселона без избор, му врачи отказ на Куман и притоа ќе мора да му исплати и 12 милиони евра како обесштетување.

Веднаш по отказот на Куман, започна лицитацијата за неговата замена и кај сите, медиумите, навивачите и управата, едно име е фаворит – легендарниот капитен Чави Ернандез.
Чави веќе шест години е дел од катарскиот Ал Сад, првите три години како играч, а последните три како тренер и има голем успех освојувајќи седум трофеи и моментно се наоѓа во серија од 34 натпревари без пораз.

Иако катарката лига не е една од најквалитетните, управата на Барселона предводена од претседателот Жоан Лапорта смета дека Чави е идеален тренер за каталонскиот тим бидејќи ја познава филозофијата на игра, а и ќе претставува авторитет во соблекувалната.

Наводно, Чави дал зелено светло, односно е подготвен да седне на клупата на Барселона.
Додека Барселона се договори со актуелниот тим на Чави, Ал Сад, каталонскиот тим најверојатно ќе го предводи Серхи Бархуан, актуелниот тренер на Б тимот на Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот