Познато до кога Ѓоковиќ мора да се вакцинира за „Австралија опен“

Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Сагата продолжува, и натаму се поставува прашањето дали Новак Ѓоковиќ ќе се појави на својот омилен Грен слем турнир во Мелбурн, Австралија.

За потсетување, откако директорот на „Австралија опен“, Крег Тајли изјави дека на првиот Грен слем сезонава ќе можат да учествуваат само вакцинирани играчи, сите се прашуваа што ќе биде со Ѓоковиќ.

Ноле по завршниот Мастерс во Торино немаше јасен одговор дали ќе замине во Мелбурн.

– Ќе видиме. Ќе треба да почекаме и да видиме – беа зборовите на првиот светски рекет Ѓоковиќ.

Австралиските медиуми не престануваат да се занимаваат со овој случај, па ја пренесоа изјавата на некогаш најдобриот играч на светот во дубл, Тод Вудбриџ, кој има јасна порака за Србинот

– Листата за влез на „Австралија“ опен се затвора шест недели пред турнирот, значи на 6 декември. Но, реалноста е дека доколкју сака да игра во АТП купот и да има тренинзи во Австралија, најверојатно ќе мора да се вакцинира оваа недела – рече Вудбриџ.

Имено, на 6 декември со сигурност ќе се знае дали ќе го видиме Ѓоковиќ во Мелбурн, дотогаш ќе се вртат само шпекулации.

Шмекерски потег на Зверев, бара од Австралија да направи исклучок за Ѓоковиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот