Познатите личности јавно ја поддржаа Меган Маркл по интервјуто: Со тебе сме!

Instagram / Profimedia
Instagram / Profimedia

Бројни холивудски sвезди застанаа во одбрана на Меган Маркл и принцот Хари, по синоќешното интервју што го дадоа во разговор со Опра Винфри.

Актерката Габриела Унион „твитна“ додека ја гледала емисијата и едно нешто го привлече вниманието.

„Таблоидите се добредојдени во палатата? Јууухууу!“

Џејда Пинкет Смит се пошегува дека кралицата ќе биде следната гостинка во нејзината емисија „Red Table Talk“. Познатата актерка имаше многу лајкови и коментари под таа фотографија.

Лесли Џордан исто така имаше свое гледиште за нештата.

„Те поддржуваме, душо. Имаме повеќе кралици отколку тие“, напиша американскиот актер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leslie Jordan (@thelesliejordan)

„Какво емотивно интервју. Опра останува најдобра во овој бизнис. Се радувам што си заминаа, така е подобро за секого. Среќна сум што Меган се врати во вистинско светло откако ја замолкнаа. Потребен ни е нејзиниот глас. Ја сакам нивната љубов“, напиша Кришел.

Специјалното интервју што принцот Хари и Меган Маркл и го дадоа на Опра Винфри, кое траеше два часа и се емитуваше на ТВ Си-Би-Ес, беше навистина бомбастично, како што беше најавено.

Младиот кралски пар и кажа на Опра бројни факти непознати за јавноста, објаснувајќи ги причините за нивната одлука да се повлечат од должностите во кралското семејство.

Секако најшокантен момент од интервјуто беше признанието на Меган дека се борела со самоубиствени мисли, како и фактот дека Палатата не сакала да и помогне кога од нив побарала стручна помош.

Во разговорот со Опра, Меган расчисти бројни озборувања поврзани со нејзината врска со другите членови на кралското семејство. Таа рече дека кралицата Елизабета е „прекрасна“ и исто така ги раскажа деталите за конфликтот со војвотката Кејт околу фустаните за малите деверуши на свадбениот ден – откривајќи дека во тој момент ја расплакала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот