Познатиот комичар жестоко го искритикува Зукерберг!

Фотографија: Принтскрин

Познатиот актер и комичар Саша Барон Коен, жестоко го искритикува извршниот директор на Фејсбук, Марк Зукерберг, велејќи дека тој би му дозволил дури и на Хитлер да објасува реклами кои таргетираат Евреи ако постоел Фејсбук во тоа време.

Британецот ги критикувал и челниците на другите технолошки гиганти како Гугл и Твитер бидејќи се однесуваат како “најголемата пропагандна машинерија во историјата” за групите кои шират омраза, истовремено дозволувајќи им на лажните вести да го преземат приматот од вистинските вести, пренесува “Daily Mail”. 

Коен изјавил дека го олеснуваат ширењето на омраза и насилство и довеле до “голем бран на злосторства од омраза и пораст на смртоносните напади врз верските и етнички малцинства”.

Лигата против клевета (ADL) е една од најстарите и највлијателни американски групи на активисти за борба против омразата.

Коен посебно го критикувал Закерберг и пет други технолошки раководители кои колективно ги нарекол “Сицилиумската шесторка” – група која ја сочинува извршниот директор на Гугл, Сундар Пичаи и соосновачите на компанијата Лари Пејџ и Сергеј Брин, извршната директорка на Јутјуб – Сузан Војчицки и шефот на Твитер – Џек Дорси.

“Сицилиумска шесторка – сите милијардери, сите Американци – повеќе се грижат да ја зголемат цената на акциите отколку да шират демократија. Ова е идеолошки империјализам – шест неизбрани поединци во Сицилиумската долина ја наметнуваат својата визија кон остатокот од светот, не се одговорни пред ниту една влада и се однесуваат како да се над законот. Како да живееме во Римското царство, а Марк Закерберг е Цезар. Тоа барем би ја објаснило неговата фризура”, изјавил Коен и се пошегувал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот